24фудбал

Агентот на Кинтеро негира трансфер во Арсенал

Агентот на Хуан Кинтеро вели дека Порто не бил во преговори со ниту еден клуб за продажба на 21-годишниот фудбалер.

Англија
Медиумите пишуваа дека Кинтеро е подготвен за пат до Лондон каде што треба да го комплетира трансферот во Арсенал.
 
Неговиот агент, Рикардо Калери вели дека Порто не размислува за продажба на фудбалерот кој може да си оди само доколку некој ја плати откупната клаузула која изнесува околу 40 милиони евра.
 
„Порто никогаш не преговарал за продажба на Хуан Кинтеро" - вели агентот за MaisFutebol.
 
„Се разбира, има клубови кои се интересираат. Има голем интерес од Шпанија и Англија".
 
„Но за тој да си оди, заинтересираниот клуб ќе треба да ја плати неговата откупна клаузула".
 
Кинтеро важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, беше дел од репрезентацијата на Колумбија на Светското првенство каде што го постигна и победничкиот гол против Брегот на Слоновата Коска.