24фудбал

Металург убедливo поразен од Омонија

Македонскиот претставник немоќен во Никозија, Металург загуби со убедливи 3-0 и се чини дека реваншот во Скопје ќе биде само формалност.

Македонија
Омонија сепак се покажа како преголем залак за Металург, тимот од Кипар одигра поквалитетно од нашиот тим и заслужено славеше со убедливи 3-0.
 
Момците на Срѓан Захариевски изгледаа импресионирано на стартот, и по само 15 минути веќе губеа со 2-0.
 
Резултатот беше отворен во 9. минута кога нафрлување по земја од десната страна, Рамос погоди за водство на Омонија од 1-0.
 
Пет минути подоцна идентична акција на домаќините, овој пат Поте погоди за 2-0.
 
Како одминуваше натпреварот Металург се ослободуваше од притисокот, но беше немоќен посериозно да го загрози голот на Омонија.
 
Во 57. минута Рамос реализираше нов погодок, овој пат со глава за конечни 3-0.
 
Според резултатот и односот на силите на теренот, се чини дека патникот во следното коло е решен, на Металург му останува само на реваншот во Скопје достојно да се прости од Европа.