24фудбал

Официјално: Евертон го купи Лукаку за 28 милиони фунти

Евертон го купи Ромелу Лукаку од Челзи за рекорден клупски трансфер од 28 милиони фунти.

Англија
Напаѓачот кој минатата сезона играше на позајмица на Гудисон Парк, од денес и комплетно е фудбалер на Евертон.
 
Челзи добро заработи на овој трансфер, кој е апсолутен рекорд за Евертон, претходно највисоката сума која ја имаа платено Карамелите за еден играч беше ангажманот на Фелаини за 15 милиони фунти.
 
„Имам добар однос со фудбалерите. Ова е местото каде што припаѓам. Брзо ја донесов одлуката, сакав да се вратам тука. Знам дека стручниот штаб и навивачите веруваат во мене" - изјави Лукаку кој стави потпис на пет годишен договор.