24фудбал

Видео: Кеита и Пепе направија инцидент уште пред да почне натпреварот

На пријателскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Рома му претходеше инцидент во кој главните улоги ги имаа Пепе и Сејду Кеита.

Видео
Кеита одби да се поздрави со Пепе, а подоцна фрли шише со вода кон португалскиот фудбалер, што предизвика гужва помеѓу двете екипи.
 
Очигледно овие двајца фудбалери имаат нерасчистени сметки од деновите кога Кеита го носеше дресот на Барселона.
 
Во 2011 година, по натпреварот од Суперкупот на Шпанија, Кеита го обвини Пепе за расизам.
 
Фудбалерот од Мали не го заборавил тоа, па предизвика инцидент уште пред да почне натпреварот кој Рома го доби со 1-0.