24фудбал

Фото: Кавани избришан од промотивните фотографии за новиот дрес, заминува ли од ПСЖ?

Единсон Кавани е избришан од промотивната слика на ПСЖ за новите дресови, тоа е сериозна индикација дека Уругваецот ќе ја промени клупската средина ова лето.

Франција
Чести се информациите кои го поврзуваат Кавани со заминување од Паркот на Принцовите.
 
Ваквите строии стануваат уште поактуелни по последните случувања со промотивниот материјал на ПСЖ.
 
Кавани беше на постерот на кој се промовираа домашните дресови, но го нема на последниот на кој клубот прави промоција на гостинските бои.
 
Фотографијата е иста, само што на местото од Кавани, се најде Кабај.
 
ПСЖ е во офанзива по Анхел Ди Марија, па и францускиот шампион има интерес да го продаде Кавани.
 
Најгласни се шпекулациите дека Кавани ќе се пресели во Манчестер Јунајтед иако Црвените Ѓаволи ги имаат Робин ван Перси и Вејн Руни.
 
Но, се појасно е дека Кавани е на излезна врата од ПСЖ.