24фудбал

Атлетико Мадрид го договори трансферот на Гризман

Шампионот на Шпанија соопшти дека е постигнат договор со Реал Сосиедад за преселба на Антоан Гризман на Висенте Калдерон

Шпанија

Минатата недела, медиумите од Шпанија соопштија дека Атлетико Мадрид е на чекор до ангажман на 23 годишниот Антоан Гризман.

Репрезентативецот на Франција има откупна клаузула од 30 милиони евра, но извештаите велеа дека двата клуба се договориле за зделка вредна околу 25 милиони евра.

Без да открива повеќе детали, Атлетико Мадрид утрово соопшти дека е договорен трансферот на Антоан Гризман.

Офанзивниот фудбалер сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договор за официјално да стане нов фудбалер на актуелниот шампион на Шпаннија.

„Атлетико Мадрид постигна договор со Реал Сосиедад за трансферот на Антоан Гризман” – гласеше известувањето на клубот од Висенте Калдерон.

„Талентираниот Французин ќе стави потпис на договорот откако ќе ги помине редовните лекарски прегледи”.