24фудбал

Галијани: Балотели останува во Милан

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани изјави дека Балотели со сигурност ќе остане во Милан и наредната сезона.

Италија
Чести се шпекулациите кои го поврзуваат Балотели со заминување од Сан Сиро, но Галијани вели дека тоа нема да се случи.
 
„Балотели никогаш не побарал да биде продаден. Тој останува во Милан. 100 проценти сигурност не постои на трансфер пазарот, но 99,99% останува" - вели Галијани.
 
„Алесио Черчи и Кембел? Тие имаат карактеристики какви што нашиот тренер сака, но такви имаат и многу други фудбалери".