24фудбал

Официјално: Дрогба се врати во Челзи

Дидие Дрогба се врати на Стемфорд Бриџ, легендарниот напаѓач на Сините потпиша едно годишен договор со Челзи.

Англија
Дрогба се врати во својот Челзи, напаѓачот како слободен фудбалер доаѓа на Стемфорд Бриџ.
 
„Фудбалскиот клуб Челзи со задоволство може да го соопшти враќањето на Дидие Дрогба. Напаѓачот потпиша едно годишен договор" - стои во соопштението на Челзи.
 
Дрогба вели дека за него ова била лесна одлука, среќен е што повторно ќе соработува со Мурињо.
 
„Ова беше една лесна одлука, не можев да ја одбијам можноста повторно да работам со Жозе. Сите знаат дека имам посебна врска со овој клуб и секогаш ќе го чувствувам како мој дом" - вели Дрогба.
 
„Мојата желба за победи сеуште е иста, сакам да му помогнам на тимот. Возбуден сум за ова следно поглавје од мојата кариера".