24фудбал

Раниери е нов селектор на Грција

Нашиот јужен сосед доби нов селектор, Клаудио Раниери во наредните две години ќе ја предводи Грција.

Останато
По завршувањето на светското првенство, договорот на 62-годишниот Фернандо Сантос истече, па грчката федерација беше во потрага по нов селектор.
 
Изборот падна на Клаудио Раниери кои стави потпис на две годишен договор.
 
Целта на Раниери ќе биде пласман на Грција на европското првенство 2016 кое ќе се одржи во Франција.
 
Грција се наоѓа во квалификациската група Ф заедно со Унгарија, Романија, Финска, Северна Ирска и Фарските Острови.