24фудбал

Инзаги: Кога ќе се вратат сите, ќе бидеме друг тим

Тренерот на Милан, Пипо Инзаги високиот пораз од Олимпијакос го оправдува со отсуството на фудбалерите кои имале репрезентативни обврски.

Италија
На отварањето на турнејата во САД и Канада, Милан доживеа пораз од 3-0 од Олимпијакос.
 
И покрај високиот пораз, Инзаги не е разочаран од настапот на оние кои добија шанса, но вели дека ќе бидат многу подоби кога ќе бидат комплетни.
 
„Фудбалерите кои играа на светското првенство се вратија пред три дена и не можеа да играат. Ги пуштив Де Шиљо и Хонда бидејќи немавме многу играчи" - вели Инзаги.
 
„Знаев кој е ризикот, тука допатувавме пред ден ипол и не можевме да тренираме. Знаевме дека Олимпијакос е во предност пред нас во поглед на кондицијата".
 
„Не е важен резултатот, важни ми се перформансите. Кога ќе ги имаме сите, ќе бидеме друг тим. Но ми се допаѓа духот кој е тука и желбата кај сите".
 
„Имавме некои шанси. Не бевме фантастични, но одиме понатаму".
 
„Ќе ги извадиме позитивните и негативните страни, и ќе напредуваме, кога ќе бидеме сите тука, тоа ќе биде еден друг Милан".