24фудбал

Чех: Не сакам да седам на клупата

Петр Чех е свесен дека со доаѓањето на Куртоа неговата позиција во Челзи е сериозно загрозена, тој не сака да седи на клупата, вели дека ќе даде се од себе за да го зачува местото.

Англија
Мурињо ќе има слатки маки кога е голманската позиција во прашање, Петр Чех и Тибо Куртоа ќе се борат за стартната позиција во тимот.
 
Португалецот вели дека е среќен со таквата ситуација, но свесен е дека некој од голманите ќе биде незадоволен од својот статус.
 
Петр Чех вели дека нема да биде среќен ако треба да седи на клупата за резервни играчи.
 
„Не сакам да бидам на клупата. Затоа се трудам на подготовките да дадам се од себе за да бидам во тимот" - вели Чех.
 
„Не сакам да зборувам за тоа што ќе биде ако биде. Ќе видиме што ќе се случи".
 
„Знаете дека секогаш го давам најдоброто од мене и јасно е дека тоа е се што можам да направам. Ќе го давам најдоброто и ќе направам се што е можно за да бидам подготвен за почетокот на сезоната".
 
„Јасно е дека Жозе Мурињо го прави изборот и тој ќе одлучи како ќе изгледа тимот на првиот натпревар, вториот, третиот и било кој друг натпревар".
 
„На нас фудбалерите е да покажеме дека сме подготвени а тој е оној кој одбира. Јас не сум поразличен. Правам се што можам за да ме одбере мене".