24фудбал

Мурињо потврди: Дрогба би можел да се врати во Челзи

Жозе Мурињо потврди дека посакува да го врати Дидие Дрогба на Стемфорд Бриџ, верува дека тој би донел квалитет во нападот на Сините.

Англија
Дрогба постигна преку 150 голови во осумте години поминати во Челзи пред да замине од клубот пред две години.
 
36-годишниот Дрогба го напушти Галатасарај и сега е слободен играч, како негови можни дестинации се споменуваат Челзи и Јувентус.
 
Жозе Мурињо потврди дека посакува да го врати Дрогба во Челзи.
 
„Сакаме да победуваме на натпреварите и да освојуваме титули, Дидие Дрогба е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и многу добро е адаптиран на Премиер лигата" - вели Мурињо.
 
„Тоа не би било емоционална одлука. Не размислуваме така. Доколку го донесеме тука тоа нема да биде бидејќи Дрогба го постигнал најважниот гол во историјата на Челзи или бидејќи јас сум прочитал некаде нешто во весник, или дека ми треба асистент. НЕ".
 
„Доколку го донесеме, тоа ќе биде бидејќи ни е потребен фудбалер со неговите квалитети за да го направи тимот посилен".
 
„Дрогба би бил важен играч во составот на било кој тим. Знаеме дека срцето го тера да оди онаму каде што мисли дека припаѓа, и нашиот газда го има истото чувство за него, па размислуваме за таа можност".
 
„Чувствуваме дека Дрогба ни припаѓа нам. Дали ќе дојде на една година или на неколку? Ќе видиме што ќе се случи".
 
„Тимот не е само првите 11, тимот е да имате различни опции, и како опција не би можел да кажам не за Дрогба".
 
„Напаѓачката позиција е најчестата која играчот кој го почнал натпреварот, не го завршува. Па важно е да имате повеќе опции во офанзивата, не само две. Туку три или четири".