24фудбал

Видал: Не одам во Манчестер Јунајтед

Артуро Видал вели дека не знае дали и следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, но негира дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед

Италија

Често се говореше дека репрезентативецот на Чиле ова лето ќе замине од Торино.

Медиумите силно го поврзуваа Артуро Видал со преселба во Манчестер Јунајтед, извештаите велат дека ’Црвените Ѓаволи’ се подготвени да платат околу 50 милиони евра за фудбалерот од средниот ред.

Во разговор со Sky Sports Italia, играчот вели дека не знае дали и следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, но ја отфрла можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Во моментов сеуште сум на одмор. Не знам дали ќе останам во Јувентус. Во понеделник ќе разговарам со Алегри па ќе видиме што ќе се случи” – вели Видал.

„Среќен сум тука, верувам дека истото важи и за фановите на Јувентус”.

Запрашан дали ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, тој со насмевкна на лицето одговори: „Не, не”.