24фудбал

Официјално: Лампард потпиша за Њујорк Сити

Њујорк Сити го потврди трансферот на Френк Лампард, поранешниот фудбалер на Челзи потпиша две годишен договор со клубот од МЛС.

Англија
Она што се најавуваше денеска се оствари, Лампард му се приклучи на Давид Виља во Њујорк Сити.
 
„ФК Њујорк Сити е среќен што може да потврди дека потпиша со легендата на Челзи и Англија, Френк Лампард" - стои во соопштението на американскиот клуб.
 
Лампард стави потпис на две годишен договор и ќе го носи дресот со број осум.