24фудбал

Видео: Ван Гал дебитираше со седмица

Ван Гал не можеше да посака подобар старт на клупата на Манчестер Јунајтед, Црвените Ѓаволи со 7-0 го добија пријателскиот натпревар против Лос Анџелес Галакси.

Англија
Јунајтед настапи без неколку свои стандардни фудбалери, но оние кои истрчаа на теренот имаа импресивен настап.
 
Руни беше стрелец на два гола, по два постигнаа и Џејмс и Јанг, а серијата ја отвори Велбек.
 
„Системот кој го игравме денес е нов за поголемиот дел од играчите, а го трениравме само три дена" - изјави Ван Гал по натпреварот.
 
„Кога ќе дадете седум гола мора да сте задоволни. Ако играме вака во текот на целата сезона, ќе бидеме први".