24фудбал

L’Equipe: Конте нема да го превземе кормилото на ПСЖ

Реномираниот француски весник повикувајќи се на извори блиски до ПСЖ вели дека нема вистина во сториите кои го поврзуваат Антонио Конте со тренерското столче на ’Светците’

Франција

Денешното издание на Corriere Dello Sport пренесе дека шампионот на Франција постигнал договор со Антонио Конте за 44 годишниот стратег веднаш да го замени Лорен Блан на кормилото на ПСЖ.

Извештајот велеше дека официјална потврда ќе пристигне во скоро време, односно уште во текот на денешниот ден.

Но според реномираниот француски весник L’Equipe нема вистина во ваквите написи.

L’Equipe вели дека лидерите на ПСЖ се дистанцирале од ваквите шпекулации и негирале контакт со Антонио Конте.

Од таборот на ’Светците’ веруваат дека зад ваквите стории стојат агентите на стратегот, кои се обидуваат да извршат дополнителен притисок во преговорите за следната дестинација на Антонио Конте.

Откако Антонио Конте неочекувано си поднесе оставка минатата недела и го раскина договорот со Јувентус, неговото име најчесто се поврзува со репрезентацијата на Италија.