24фудбал

Негредо ќе паузира од два до три месеци

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегри очекува напаѓачот Алваро Негредо да паузира до три месеци поради фрактура на стапалото

Англија

Преку социјалните мрежи Шпанецот во понеделникот пренесе дека на пријателскиот натпревар против Хартс заработил фрактура на десното стапало.

Врз Алваро Негредо вчера успешно била извршена операција и се очекува играчот да паузира од два до три месеци.

Зборувајќи на прес конференција во САД во пресрет на контролниот натпревар против Спортинг Канзас Сити, менаџерот на ’Граѓаните’, Мануел Пелегрини рече: „Алваро беше опериран и веројатно ќе паузира од два до три месеци”.

„Ова е голем удар за нас, Негредо беше важен член на нашиот состав и ќе ни недостасува”.