24фудбал

Голот на Крстев му донесе добра заработка на Металург

Погодокот на Миле Крстев во 92. минута од натпреварот против Железничар, донесе 140 000 евра во касата на Металург која сега има 390 000 евра од учеството во Европа оваа сезона.

Македонија
Добрите резултати на Металург во квалификациите за Лига Европа му носат и добра заработка на нашиот тим.
 
И покрај тоа што во летниот преоден рок од Железарница си заминаа дури девет фудбалери, младиот тим на Срѓан Захариевски ужива одлична европска сезона.
 
Голот на Миле Крстев кој го однесе Металург во третото квалификациско коло, вреди нови 140 000 евра на контото на клубот.
 
Самиот настап во квалификациите за Лига Европа на Металург му донесе 120 000 евра, елиминацијата на Санта Колома дополнителни 130 000 евра, а поминувањето на Железничар и пласманот понатаму, уште 140 000 евра.
 
Сега следува дуел со Омонија, успех од овој двобој би донел уште 150 000 евра за Металурзите.