24фудбал

Переира на лекарски прегледи со Јуве

’Старата Дама’ потврди дека фудбалерот на Удинезе, Роберто Переира пристигнал во Торино на лекарски прегледи

Италија

23 годишниот Аргентинец стана клучен играч на Удинезе по трансферот од Ривер Плата во 2011, и ова лето го привлече интересот на Јувентус, Интер и Рома.

Шампионот на Италија е тој што ја добива битката за неговиот потпис, Роберто Переира утрово пристигна во Торино на лекарски прегледи.

„Переира во Торино на лекарски прегледи со Јувентус” – гласеше известувањето на ’Старата Дама’.

„23 годишниот фудбалер од средниот ред денеска треба да ги помине редовните тестови пред да го комплетира трансферот од Удинезе”.

Според пишувањата на медиумите од Италија, Переира ќе се пресели во Јувентус на едногодишна позајмица за која ’Бјанконерите’ ќе платат 1,5 милиони евра 

 

’Старата Дама’ исто така ќе поседува опција следното лето да го направи трансферот перманентен за сума од 11 милиони евра.

 

Како дел од зделката, Јуве на Удинезе ќе му го продаде 22 годишниот дефанзивец Соренсен за 3,5 милиони евра.