24фудбал

Фабрегас: Беше вистинско време да заминам

Сеск Фабрегас почувствувал дека е вистинско време да ја напушти Барселона и да се врати во Премиер лигата.

Англија
По три поминати години во Барса, Фабрегас одлучи да и се врати на Премиер лигата, да му се врати на Лондон, но овој пат на работа во Челзи.
 
27-годишниот Сеск е среќен што ќе работи со Жозе Мурињо и се надева на многу победи со новиот тим.
 
„За мене многу важно беше што договорот беше постигнат пред светското првенство" - вели Фабрегас.
 
„Сакав што побрзо да знам што ќе се случува следната сезона, каде ќе бидам. Мислам дека ги имам најдобрите години и ова беше вистинско време за промена".
 
„Ги разгледав понудите кои ги имав и откако зборував со тренерот, сфатив дека Челзи е најдобрата одлука".
 
„Тешко можете да ги победите тимовите на Жозе и секогаш е тешко да се игра против нив. Тактички се многу добро подготвени и имаат голема дисциплина. Тој го вади најдоброто од неговите фудбалери".