24фудбал

Захариевски: Големиот мотив и борбеност беа клучни за успехот

Тренерот на Металург, Срѓан Захариевски е задоволен по успехот на неговата млада екипа која го елиминираше Железничар во Сараево.

Македонија

И покрај тоа што во преодниот рок ги напуштија дури девет стандарни фудбалери, тимот на Металург предводен од Срѓан Захариевски има одличен настап на европската сцена.

Вечерва Металург одигра 2-2 против Железничар во Сараево и се пласира во третото квалификациско коло од Лига Европа.

„Мислам дека одигравме еден квалитетен натпревар, поквалитетен од оној во Скопје" - изјави Захариевски по натпреварот.

„Губевме 2:0 и промашивме пенал. Но потоа брзо постигнавме гол и го држевме домаќинот во неизвесност. На крајот успеавме да постигнеме и втор гол и оваа победа за нас многу значи".

„Нашата желба беше клучна, нашиот мотив, мотивот на оваа млада екипа, не се предадовме до крајот и на крајот славевме. Одигравме многу борбено".

Фото: sportsport.ba