24фудбал

Со гол на Крстев во судиското продолжение, Металург го помина Железничар

Металург го помина Железничар, Миле Крстев постигна гол од слободен удар во судиското продолжение за конечни 2-2 и голема радост на македонскиот претставник.

Македонија

Металург излезе подобар од пресметката против Железничар, тимот на Срѓан Захариевски одигра 2-2 во Сараево и поради гол во гости оди понатаму.

Жељо водеше 2-0, но Металург играше одлично, создаваше шанси, промаши и пенал, на крајот успеа да постигне два гола и да се радува на голем резултат.

Домаќините поведоа по наша грешка во 16. минута кога Додевски си постигна автогол.

По десет минути игра во второто полувреме, Бајиќ го зголеми водството на Железничар, но Металург не се откажуваше.

Само три минути подоцна, пенал за нашиот тим поради игра со рака на Босанците во сопствениот шеснаесетник.

Симоновски очајно го изведе ударот од белата точка не успевајќи да го погоди голот.

Но ниту тоа не ги деморализираше фудбалерите на Металург, во 62. минута Радевски постигна гол и го врати тимот во игра.

Течеше 92. минута кога Миле Крстев постигна убав гол од слободен удар, за конечни 2-2 и пласман на Металург во третото квалификациско коло од Лига Европа.

Следен противник на Металург најверојатно ќе биде Омонија која во четврток со предност од 2-0 го пречекува Будиќност.