24фудбал

Официјално: Реал го купи Џејмс Родригез

Реал Мадрид го комплетираше трансферот на Џејмс Родригез, фудбалерот стави потпис на шест годишен договор

Шпанија

По одличниот настап на мундијалот во Бразил, Реал Мадрид започна преговори со Монако за преселба на Џејмс Родригез на Сантијаго Бернабеу.

Клубот од малото кнежевство во прв момент најави дека ќе го задржи талентираниот репрезентативец на Колумбија, но на крајот не успеа да одолее на богатата понуда на ’Кралевите’.

Откако изминатиот викенд двата клуба пронајдоа согласност за висината на трансферот, Џејмс Родригез вчера пристигна во Мадрид.

Играчот утрово ги помина редовните лекарски прегледи и стави потпис на шест годишен договор со што официјално стана нов фудбалер на Реал Мадрид.

„Реал Мадрид и Монако постигнаа согласнсот за трансферот на Џејмс Родригез” – гласеше известувањето на ’Кралевите’.

„Играчот стави потпис на шест годишен договор”.

Вечерва во 20 часот Џејмс Родригез во свечената ложа на Сантијаго Бернабеу ќе биде презентиран како второто засилување за Карло Анчелоти ова лето.

Детали од зделката не беа откриени, а според медиумите, за услугите на офанзивниот фудбалер, Реал Мадрид ќе плати околу 80 милиони евра.