24фудбал

Фалкао: Верувам во проектот на Монако

Радамел Фалкао вели дека не размислува за заминување од Монако, сака да игра во Лигата на Шампионите со клубот од малото кнежевство

Франција

Подолго време се говори дека репрезентативецот на Колумбија е трансфер цел на Реал Мадрид.

Минатиот месец медиумите силно шпекулираа дека Радамел Фалкао ова лето ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу во трансфер вреден околу 60 милиони евра.

Зборувајќи на прес конференција во Мајами, напаѓачот сега вели дека верува во проектот на Монако и планира да остана на Луј Втори Стадионот.

„Имам уште четири години од договорот со Монако” – рече Фалкао. „Верувам во проектот на клубот”.

„Сакам да играм во Лигата на Шампионите со Монако. Ќе го засилиме составот за да бидеме конкурентни во Европа”.