24фудбал

Адвокат нов селектор на Србија

Холандскиот стратег, Дик Адвокат ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија.

Останато

Србија го доби новиот селектор, тоа е прославениот холандски тренер, Дик Адвокат.

Информацијата е потврдена и од двете страни, а официјалното претставување на Адвокат ќе се случи викендов.

„Од Србија ми ја понудија оваа работа и јас прифатив. Србија има одличен тим, а нашиот фокус ќе биде на квалификациите за ЕП 2016" - изјави Адвокат.

Тој доаѓа на местото од Љубинко Друловиќ кој беше в.д. селектор по заминувањето на Синиша Михајловиќ.