24фудбал

Маркез: Жереми Матју не е доволно добар за Барса

Поранешниот фудбалер на Барселона, Рафа Маркез ги советува ’Каталонците’ да не трошат 20 милиони евра на Жереми Матју од Валенсија

Шпанија

Клубот од Камп Ноу е во потрага на нов централен дефанзивец, неколку имиња се поврзуваа со Барселона, а изборот падна на Жереми Матју од Валенсија.

Се верува дека преговорите се во напредна фаза и оваа недела најверојатно ќе пристигне потврда за зделка вредна околу 20 милиони евра.

Во интервју за RAC 1, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез вели дека Жереми Матју не е доволно добар да го носи дресот на ’Каталонците’.

Репрезентативецот на Мексико ги советува лидерите на клубот да не трошат 20 милиони евра на 30 годишниот Французин.

„Матју нема профил потребен за настап во Барселона, уште помалку за таа цена” – рече Мексиканецот, кој настапуваше за ’Каталонците’ од 2003 до 2010.

„Се надевам дека Барса добро ќе размисли за ова, и доколку лидерите навистина се подготвени да потрошат толкава сума на пари, подобро да ја потрошат на некој што навистина вреди”.