24фудбал

Клоп: Хумелс и Ројс остануваат

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп вели дека Матс Хумелс и Марко Ројс и следната сезона ќе настапуваат на Сигнал Идуна Парк

Германија

Двајцата фудбалери се поврзуваат со заминување од Дортмунд ова лето, Матс Хумелс е мета на Манчестер Јунајтед, а за услугите на Марко Ројс интерес пројавуваат Ливерпул и Баерн Минхен.

Во емисијата 19:09 der Schwarz gelbe Talk, тренерот на ’Милионерите’, Јирген Клоп ги демантира ваквите шпекулации и вели дека Хумелс и Ројс остануваат на Сигнал Идуна Парк.

„Нема индикации дека овие двајца фудбалери сакаат да заминат” – вели Клоп.

„Матс и Марко и следната сезона ќе играат со нас”.

„Какви беа денешните шпекулации? Матс се сели во Манчестер Јунајтед? За која сума? 20 милиони евра? Нема шанси да го продадеме за оваа бројка. Знаете дека ова се глупости”.