24фудбал

Голот на Родригез најдобар на светското првенство

Голот на Џејмс Родригез против Уругвај е прогласен за најдобар погодок на мундијалот во Бразил.

СП 2014

Повеќе од четири милиони луѓе гласаа за гол на светското првенство на официјалната страница на ФИФА.

Најмногу гласови доби прекрасниот погодок на Родригез против Уругвај, второто место му припадна на Ван Перси за голот со глава против Шпанија.