24фудбал

Реал Мадрид го финализира трансферот на Родригез

Шпанските медиуми јавуваат дека трансферот на Џејмс Родригез од Монако во Реал Мадрид е речиси комплетиран, остануваат уште неколку ситни детали.

Шпанија

AS пишува дека Родригез се сели на Бернабеу за трансфер вреден 80 милиони евра и во текот на оваа недела ќе биде презентиран како фудбалер на Реал Мадрид.

Marca исто така објавува дека трансферот е речиси комплетиран и може да биде соопштен уште денеска, но пишува дека оштетата е во висина од 75 милиони евра.

Тие додаваат и дека Џејмс Родригез ќе потпише шест годишен договор со годишна плата од 7 милиони евра.

Родригез ќе го носи дресот со бројот 10 кој претходно го носеше Месут Озил.