24фудбал

Металург и Железничар одиграа реми без голови

Првиот квалификациски дуел од Лига Европа помеѓу Металург и Железничар заврши без погодоци.

Македонија

Металург и Железничар одиграа 0-0 во првата меѓусебна пресметка која се одигра вечерва на Филип Втори Арената.

Тимот на Срѓан Захариевски и трет натпревар во квалификациите од Лига Европа оваа сезона успеа да ја сочува својата мрежа.

Металург и Железничар одиграа цврст натпревар, кој главно се играше на средината од теренот без многу шанси за погодок и од двете страни.

Од оние кои беа создадени посериозните и припаднаа на екипата на Железничар, но Металург на голот го имаше одличниот Ефремов.

Посебен впечаток остави навивачката група на Железничар, популарните Манијаци кои спречија да присуствуваме на театарска атмосфера на трибините.

Овој резултат е солиден за тимот на Металург на кој во реваншот ќе му одговара и реми со погодоци.