24фудбал

Официјално: Арсенал го ангажираше Дебуши

Арсенал го потврди трансферот на Матју Дебуши од Њукасл, Французинот стави потпис на долгогодишен договор

Англија

Репрезентативецот на ’Триколорите’, Матју Дебуши е второто засилување за Арсен Венгер ова лето.

’Топџиите’ беа принудени да ангажираат нов десен бек откако Бакари Сања одби да ја продолжи верноста и како слободен агент потпиша за Манчестер Сити.

Арсенал пројави интерес за неколку играчи, а како идеално засилувње беше избран 28 годишниот Матју Дебуши од Њукасл.

„Арсенал го комплетираше трансферот на Матју Дебуши” – гласеше известувањето на клубот од Емирати Стадионот. „Репрезентативецот на Франција стави потпис на долгогодишен договор”.

Детали од зделката не се откриваат, според медиумите Арсенал ќе плати помеѓу 10 и 12 милиони фунти за услугите на Французинот.

За трансферот на Емирати, Дебуши рече: „Горд сум што се селам во голем клуб како Арсенал и ќе го носам дресот на еден од најголемите клубови во светот”.

„Со нетрпение чекам да започнам да соработувам со Арсен Венгер”.

„Возбуден сум што одново ќе играм во Лигата на Шампионите и ќе го дадам максимумот за Арсенал да се бори за трофеи”.



Комерцијален текст: