24фудбал

УЕФА ги соопшти 10. кандидати за Најдобар Фудбалер во Европа

Европската куќа на фудбалот ги соопшти десетмината играчи кои ќе се борат за признанието Најдобар Фудбалер на ’Стариот континент’ во сезоната 2013/14

Останато

Во изборот учествуваа новинари од сите земји членки на УЕФА, кои го дадоа својот глас за пет играчи.

Вкупно, 35 играчи добиле глас во првиот круг, а само десет ќе продолжат во вториот круг на гласање.

И покрај тоа што Реал Мадрид стигна до историската 10. титула во Лигата на Шампионите, ’Кралевите’ имаат само двајца преставници на листата, Баерн Минхен одново доминира со дури четворица играчи.

На листата се најдоа:

Диего Коста (Атлетико Мадрид, Челзи)

Анхел Ди Марија (Реал Мадрид)

Џејмс Родригез (Монако)

Филип Лам (Германија)

Лионел Меси (Барселона)

Томас Милер (Баерн Минхен)

Мануел Нојер (Баерн Минхен)

Арјен Робен (Баерн Минхен)

Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

Луис Суарез (Лиерпул, Барселона)

Новинарите одново сега одново ќе гласаат за овие десетмина фудбалери, а на 14. август ќе бидат соопштени имињата на тројцата играчи кои ќе се борат за наградата Најдобар Фудбалер во Европа за сезоната 2013/14.

Победникот ќе биде избран на 28. август во Монако, кога ќе биде ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.