24фудбал

Крос: Благодарен сум што ќе играм во најголемиот клуб во светот

На прес конференцијата на која беше презентиран како ново засилување, Тони Крос изјави дека тој е вистинскиот човек кој ќе му помогне на Реал Мадрид да освојува титули.

Шпанија

Тони Крос од денес е член на Реал Мадрид, Германецот потпиша шест годишен договор со Кралскиот клуб и ќе го носи дресот со бројот осум.

„Би сакал да изразам тага за смртта на Ди Стефано" - рече Крос.

„Сакам да му заблагодарам на Реал Мадрид што ми ја даде оваа шанса, шансата да играм во овој клуб, најважниот во светот".

„Исто така сакам да му се заблагодарам на Баерн Минхен што ми дозволи да заминам во Мадрид".

„Знам колку е важно за Реал Мадрид да освојува титули и мислам дека сум вистинскиот човек за ова".


Комерцијален текст:


24фан шоп: Шампионска маичка од Германија!!!

Совети за обложување: Прати смс, добиј тип и право во обложувалница!