24фудбал

Озил ќе плати за операција на 23 деца од Бразил

Месут Озил од бонусот заработен за триумфот на светското првенство ќе издвои средства за операција на 23 деца од Бразил

Останато

Како дел од проектот BigShoe, чија цел е да им се обезбеди медицинска помош на сиромашни деца, Месут Озил во пресрет на мундијалот во Бразил обезбеди средства за операција на 11 деца.

Фудбалерот на Арсенал сега соопшти дека ќе издвои средства за уште 12 деца.

На својот Фејсбук профил, Месут Озил напиша: „Драги фанови, во пресрет на светското првенство помогнав за операција на 11 болни деца“.

„Со оглед на тоа дека за триумфот на светското првенство не се заслужи само 11 играчи туку целиот тим, сега ќе помогнам бројката на деца кои ќе добијат лекарска помош да се искачи на 23. На овој начин изразувам благодарност за гостољубивоста на луѓето од Бразил”.

За триумфот на Мундијалот, Месут Озил ќе инкасира бонус од околу 300 000 евра, и овие пари ќе бидат донирани во добротворни цели.