24фудбал

Баерн Минхен потпиша со братот на Марио Геце

Баерн Минхен потпиша со Феликс Геце, 16-годишниот брат на Марио кој беше член на Борусија Дортмунд.

Германија

Се зголеми фамилијата Геце во Минхен, покрај ѕвездата Марио, таму ќе биде и неговиот брат Феликс.

Феликс Геце доаѓа како слободен фудбалер од Борусија Дортмунд и кариерата во Баерн ќе ја започне од младинскиот тим на Баварците.

Во Минхен е и третиот брат, Фабиан Геце, кој има 24 години и игра во Унтерахинг.