24фудбал

Конте и Јувентус се разделија!

’Старата Дама’ вечерва соопшти дека на взаемна согласност е прекината соработката со тренерот Антонио Конте

Италија

Изненадувачки вести од Италија, на стартот од подготовките на новата сезона, Јувентус се раздели со тренерот Антонио Конте.

Стратегот попладнево имаше средба со лидерите на ’Бјанконерите’ на која си поднел оставка.

Според пишувањата на медиумите, Антонио Конте се одлучил на еден ваков чекор поради неколку фактори, а како главна причина се посочува досегашната работа на клубот на трансфер пазарот, која според тренерот не била соодветна со барањата.

„Антонио Конте на взаемна согласност го раскиан договорот со Јувентус” – гласеше известувањето на Јувентус.

Кон финишот на минатата сезона почнаа да кружат гласини дека Антонио Конте ќе замине од Торино и покрај тоа што е обврзан кон ’Бјанконерите’ до 2015.

Тогаш двете страни одлучија да продолжат заедно, а ’Старата Дама’ преку Твитер најави дека 44 годишниот стратег ќе остане кормилото на првиот тим и во следните 12 месеци.

Антонио Конте седна на тренерското столче на Јувентус во 2011, и веднаш успеа да го врати клубот на врвот во Италија. Тој на ’Бјанконерите’ им донесе три последователни Скудета.


Комерцијален текст: