24фудбал

Баерн не сака да го продаде Шакири

Спортскиот директор на ’Баварците’, Матијас Замер вели дека Џедран Шакири останува на Алианц Арена

Германија

22 годишниот репрезентативец на Швајцарија е трансфер желба на неколку клубови, а најконкретен интерес пројавуваат Ливерпул и Рома.

И покрај тоа што Џердан Шакири има ограничена минуташа поради големата конкуренција за место во стартниот состав, тој останува важен дел од плановите за иднината и Баерн нема да го продаде.

Во разговор со магазинот Kicker, спортскиот директор на ’Баварците’, Матијас Замер вели: „Џердан е важен играч за иднината”.

„Нема да го продадеме. Многу сме задоволни од него”.