24фудбал

Милер: Во еден момент ми падна жал за Бразилците

Томас Милер вели дека никој не очекувал Германија да ги прегази ’Кариоките’ со 7-1, и додава дека во еден момент му паднало жал за репрезентативците на Бразил

СП 2014

’Панцирите’ вчера се изборија за финале на светското првенство откако славеа над домаќинот Бразил со превисоки 7-1.

Томас Милер, кој го отвори резултатот во 11. минута, вели дека никој не очекувал ваква сензационална победа.

Тој додава дека во еден момент му паднало жал за репрезентативците на Бразил, и верува дека ’Кариоките’ не заслужиле ваков срамен пораз, кој е највисок во нивната историја.

„Чувството е неверојатно” – вели Милер.

„Одлично го започнавме натпреварот, и кога имате предност од 5-0 на полувреме против Бразил во Бразил, тогаш знаете дека тоа е нешто специјално”.

„Никој не очекуваше да се случи нешто вакво. Се надевавме дека ќе ни се укажат една или две прилики за гол”.

„Потребно е малку да уживаме во овој момент и потоа да се фокусираме на финалето. Сакаме да станеме светски шампиони и ќе го дадеме максимумот за тоа да се случи”.

„Бразил беше во шок по негативата од 2-0” – продолжи фудбалерот на Баерн. „Беа под огромен притисок, домаќини се и стадионот беше полн со нивни фанови”.

„Во еден момент ми падна жал за репрезентативците на Бразил. Имаат многу фантастични играчи кои не заслужуваат да загубат вака”.

„Сепак, вакви работи се случуваат во фудбалот”.