Венгер: Олимпијакос заслужено победи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер признава дека неговиот тим не одиграл доволно добро на гостувањето во Грција, па Олимпијакос заслужено ги освоил трите бода

Со оглед на тоа дека ’Топџиите’ го имаа обезбедено првото место во Групата Ф, Арсен Венгер направи големи број измени и играше со втор тим.

 

Комичните грешки во одбраната на Арсенал им овозможија на домаќинтие водство од 2-0 на полувреме. Јоси Бенајун во вториот дел намали на 2-1 но ’Топџиите’ немаа сила за пресврт и Модесто во финишот на натпреварот ги реши сите дилеми и ги постави конечните 3-1.

 

“Олимпијакос одигра многу цврство во првиот дел и ние тешко се снаоѓавме на теренот, го немавме правиот тактички пристап.” – рече Венгер. “Изгубивме премногу топки.“

 

“Исто така игравме со кратки додавања, иако имаше премногу контакт.”

 

“Во второто полувреме, кога беше 2-1, се чинеше дека можеме да стигнеме до реми, но тие успеаа да постигнат трет погодок.”

 

Менаџерот на Арсенал потоа додаде: “Мислам дека Олимпијакос заслужено победи, но за жал тоа не беше доволно за да се пласираат во нок-аут фазата.”

 

“Марсеј направи извонреден пресврт, па Олимпијакос е надвор од Лигата на Шампионите.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]