24фудбал

Нејмар: Сонот не е завршен

Ѕвездата на Бразил, Нејмар ги бодри своите соиграчи да го кренат победничкиот пехар на светското првенство.

СП 2014

Главниот играч на бразилската селекција, Нејмар заработи повреда поради која од месец до два ќе биде надвор од терените.

Најголем удар за него е што ќе го пропушти преостанатиот дел од светското првенство на кое беше главна ѕвезда во својата селекција.

Нејмар вели дека сонот за настап во финалето на светското првенство е завршен, но не и сонот за големиот трофеј од мундијалот.

„Ми го земаа сонот да играм во финалето на светското првенство, но сонот за освојување на светското првенство сеуште трае" - вели Нејмар.

„Има уште два натпревари и сигурен сум дека моите соиграчи ќе направат се за да го кренат трофејот".