24фудбал

Нејмар: Не сме тука да правиме шоу, сакаме само да го подигнеме пехарот

Напаѓачот на ’Кариоките’, Нејмар вели дека нивната цел е триумф на СП 2014, а не прикажување на убав фудбал со кој ќе ја забавуваат публиката

СП 2014

Бразилците не го прикажуваат својот препознатлив стил на игра на мундијалот, па на нивна адреса пристигнаа голем број на критики.

Во пресрет на четврт-финалната пресметка со Колумбија, Нејмар застана зад своите соиграчи и истакна дека целта на ’Кариоките’ е триумф на СП 2014, а не прикажување на убав фудбал со кој ќе се забавува публиката.

„Не можете секогаш да се забавувате и да победите со 4-0 или 5-0” – вели напаѓачот.

„Во денешно време фудбалот е многу тежок, противниците се изедначени, па тимот кој покажува најголема посветеност на теренот вообичаено победува”.

„Не сме тука да правиме шоу. Тука сме да триумфираме на светското првенство. Сакаме да играме во финалето и да го подигнеме пехарот“.

„Не треба да приредиме спектакл. Тука сме да трчаме до последниот свиреж, се додека не се умориме и да стигнеме до победа”.

„Ќе бидам среќен доколку не прикажеме ништо против Колумбија и победиме со 1-0. Тоа ќе биде извонредно”.

На средбата со Чиле, Нејмар заработи ситна повреда, но тој ќе биде фит за утрешниот дуел.

„Се е во ред со мене. Разговарав со фитнес тренерот и се чувствувам добро, болката исчезна па фановите можат да бидат релаксирани”.

Главен адут на Колумбија е врсникот на Нејмар, Џејмс Родригез кој до овој момент е најдобар голгетер на мундијалот со пет погодоци зад своето име,

„Џејмс Родригез е топ фудбалер, и покрај тоа што е млад. Двајцата имаме само 22 години”.

„Му честитам за она што го направи до сега, но се надевам дека тука ќе заврши неговиот одличен настап”.