24фудбал

Познати се судиите за првите две четвртфинални средби

ФИФА ги одреди судиите за четвртфиналните натпревари од светското првенство кои на програмата се утре.

СП 2014

Европското дерби помеѓу Франција и Германија му припадна на Аргентинецот Нестор Питана.

За него ова ќе биде четврти натпревар на светското првенство, претходно ги судеше дуелите Хондурас - Швајцарија, САД - Португалија и Русија - Ј. Кореја.

Јужноамериканската пресметка помеѓу домаќинот Бразил и Колумбија ќе ја суди шпанскиот судија, Карлос Веласко.

За него ова ќе биде трет натпревар на Мундијалот, беше главен судија на дуелите Англија - Уругвај и БиХ - Иран.

Првите четвртфинални натпревари се играат утре, во 18:00 часот започнува натпреварот Франција - Германија, од 22:00 е дуелот помеѓу Бразил и Колумбија.


Комерцијален текст: