24фудбал

Суарез доби суспензија од девет репрезентативни натпревари и четири месеци суспензија од сите натпреварувања

ФИФА денеска му ја изрече казната на Луис Суарез за гризањето на Џорџо Киелини, за него светското првенство е завршено, но и многу повеќе од тоа.

СП 2014

Како што се очекуваше, Луис Суарез со гризнувањето на Џорџо Киелини го заврши настапот на Мундијалот.

ФИФА го казни со суспензија од девет репрезентативни натпревари, како и со забрана за настап во сите натпреварувања во наредните четири месеци.

Покрај суспензиите, Суарез ќе треба да плати и парична казна од 100 000 швајцарски франци.