24фудбал

Фото: Норвежанец се обложил дека Суарез ќе гризне противник на Мундијалот!

Луис Суарез му донесе добра добивка на Норвежанец кој се обложил дека напаѓачот ќе гризне противнички играч на светското првенство.

СП 2014

Луис Суарез повторно се исклучи, го гризна Киелини на натпреварот помеѓу Уругвај и Италија.

Коефициентот за таков инцидент бил 175, обложувачот улатил 32 Норвешки Круни, по што заработил 5600.

Ова е веќе трето гризнување на Суарез, па обложувалниците сигурно во иднина ќе ги намалат коефициентите за едно вакво обложување кога станува збор за Уругваецот.