24фудбал

Добра ждрепка за Металург, Шкендија и Турново

Поволна ждрепка за македонските претставници во квалификациите од Лига Европа, Металург доби тим од Андора, Шкендија од Молдавија, Турново од Грузија.

Лига Европа
Металург кој беше носител за противник го доби тимот од Андора, Санта Колома.
 
Железничарите првиот натпревар го играат на 3. јули во Андора, реваншот е седум дена подоцна во Скопје.
 
Шкендија го доби четвртопласираниот тим од Молдавија, екипата на Зимбру.
 
Хоризонт Турново ќе игра против Чикура од Грузија која исто така како четвртопласирана заврши во домашното првенство.
 
За разлика од Металург, Шкендија и Хоризонт Турново првите средби ги играат на домашен терен.