24фудбал

Работнички го доби Хелсинки

Македонскиот шампион Работнички ќе игра против Хелсинки во второто квалификационо за Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Романтичарите имаа среќа во ждрепката и го добија според рангот најлесниот можен противник.
 
Работнички ги избегна силните екипи како што се Стеауа, Динамо Загреб и Лудогорец.
 
Првиот натпревар на кој Романтичарите се домаќини се игра на 15. или 16. јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Финска.