24фудбал

Ван Перси: Понекогаш се случуваат работи кои не можат ниту да се замислат

Робин ван Перси е пресреќен поради фантастичната победа на Холандија над светскиот шампион, Шпанија.

СП 2014

Холандија со неверојатни 5-1 ја прегази селекцијата на Шпанија, никој не ни можеше да помисли дека може да се случи еден ваков резултат.

„Ова е нереално. Ова е остварување на сонот за Холандија. Понекогаш се случуваат работи кои не можат ниту да се замислат" - вели Ван Перси.
 
„Но не смееме да заборавиме дека имаме само три бода. Мораме да продолжиме. Тоа е реалноста".

„Целата земја мора да ужива во ова. Постигнав израмнувачки гол во перфектен момент за нас. Па во соблекувалната заминавме со добро чувство".

„Голот на Робен за 2-1 беше постигнат во фантастичен момент. За нив тоа беше голем удар. Потоа продолживме. Често на 3-1 ќе сопрете, но ние продолживме до крај".

„Сите заслуги одат за тренерот, ова беше негова тактика. Тој предвиде точно како ќе се одвива натпреварот. Неверојатно".

„Сега сите да уживаме во оваа победа, а од утре ќе се фокусираме на Австралија".