24фудбал

Ковач: Ова е грабеж!

Селекторот на хрватската репрезентација, Нико Ковач е бесен на судијата Нишимури поради досудениот пенал за бразилската репрезентација.

СП 2014

Хрватска одигра одличен натпревар против Бразил, Коцкастите поведоа со автогол на Марсело, но на крајот загубија со 3-1.

Клучен момент беше одлуката на судијата Нишимури да досуди пенал по контактот на Ловрен со Фред.

Контакт постоеше, но пеналот беше престрого досуден, Нико Ковач не може да го сокрие својот без за судиската одлука.

„Видов на повторената снимка што се случи. Ако е ова пенал, да одиме да играме кошарка, ова е грабеж" - изјави Ковач по натпреварот.

„Момците се борат, се трудат, ги одработуваат максимално подготовките, а потоа доаѓа судија кој не е достоен на нивото на вакви натпревари".

„Ние зборуваме за почит, кој го немаше кон мојата екипа. Обично не ги напаѓам судиите, но ова морам да го кажам. Срамота!".