24фудбал

Црвена Ѕвезда нема да игра во Европа следната сезона

Поради прекршување на правилата за финансискиот фер-плеј, УЕФА ја суспендираше Црвена Ѕвезда од европските натпреварувања за следната сезона.

Лига на Шампиони

Шампионот на Србија, Црвена Ѕвезда нема да игра во Европа во наредната сезона, ваква одлука донесе УЕФА.

Во соопштението на УЕФА се наведува дека Црвена Ѕвезда се суспендира од европските натпреварувања во сезоната 2014/2015 поради неисполнување на условите за добивање лиценца поради кршење на финансискиот фер плеј.

Одлуката за одземање на лиценцата ја донело финансиското контролно тело на УЕФА, а поранешниот шампион на Европа има рок од 10 дена да се жали на ваквата одлука.

УЕФА најави и дека во наредните неколку дена би можела да покрене и истрага против Фудбалската Федерација на Србија која и ја доделила лиценцата на Црвена Ѕвезда.