24фудбал

Роналдо: Ова беше неверојатна ноќ

Кристијано Роналдо ја слави десетата титула на Реал Мадрид, Португалецот е среќен, дополнително поради фактот што фантастичниот успех е постигнат во неговиот Лисабон.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид ја слави Ла Децима, а Кристијано Роналдо на најдобар можен начин комплетира една фантастична сезона.

Португалецот ја освои Лигата на Шампионите во Лисабон, во сезоната во која постигна дури 17 голови во 13 натпревари од најелитното европско клупско натпреварување.

„Ова беше неверојатна ноќ, да ја освоите Ла Децима тука во Португалија со оваа прекрасна публика е фанстастично" - вели Роналдо.

„Ова го чекавме многу, многу години и навистина сум задоволен и среќен. Мислам дека го заслуживме ова бидејќи игравме подобро од Атлетико Мадрид".

„Напаѓавме имавме многу шанси, заслуживме да дадеме четири гола, можеби треба да имате и малку среќа кога ќе дадете гол во 92. минута, на напаѓавме и верувавме дека можеме да го направиме тоа".

„Ова можеби е мојата најдобра сезона. Секоја година се обидувам да го дадам најдоброто, да постигнувам голови и да му помогнам на тимот. Оваа година освоивме Копа дел Реј, Лига на Шампиони и ја освоив Златната Копачка".

„Се разбира ова е остварување на сонот за мене. Горд сум што победивме тука, во Лисабон. Работевме напорно во изминативе години за ова и среќен сум што успеавме".

„Карло Анчелоти е фантастичен тренер, голем човек и го заслужи ова".